64 годишна жителка на село Извор е потешко повредена во сообраќајната несреќа која се случила вчера на на регионалниот пат Велес–село Извор, помеѓу патничко возило „цитроен саксо“ и запрежно возило.
„На 08.05.2024 во 20.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес–с.Извор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.М.(44) од Велес и запрежно возило, управувано од Л.Ц.(64) од с.Извор, општина Чашка“, информираа од СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц. констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: