Велес денес беше центарот на фудбалските збиднувања во женскиот фудбал. На стадионот „Зоран Паунов“ во Велес се играше финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција помеѓу екипите на ЖФК Љуботен од Тетово и ЖФК Каменица Саса од Македонска Каменица.
Текстот продолжува под рекламата
Поуспешни беа тетовчанки, откако во втората минута од судиското надополнување од регуларните 90 минути постигнаа гол од корнер и со резултат 1:0 го освоија фудбалскиот Купот на Македонија во женска конкуренција.
Текстот продолжува под рекламата
Стрелец на ефектниот гол од корнер беше Александра Марковска. Двете екипи и во минатата сезона играа во финалето на најмосовното натпреварување во Македонија, а триумфираше екипата на Љуботен. За Љуботен ова втоар Куп титула на Македонија.
Можеби ќе ве интересира: