АХВ: Јадеме безбедна и квалитетна храна, ни недостигаат 40 инспектори

hrana
hrana

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека јадеме безбедна и квалитетна храна. Директорот на АХВ, Николче Бабовски, по повод 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна, информира дека во првите пет месеци годинава се спроведени преку 22 000 инспекциски контроли. Според него, на Агенцијата ѝ фалат 40 инспектори, ама не уверуваат дека јадеме безбедна храна. Ако има производи со истечен рок во маркети – грешката е на операторите.

Zito akcija 640x289px

Директорот на денешната прес-конференција истакна дека инспекторите, засега околу 180, совесно ја вршат работата, а сите мерки во однос на безбедноста на храната што важат во ЕУ, се применуваат и кај нас.

Agria

Се случува некои од земјите во ЕУ да ни вратат извезена храна и во вакви случаи грешката е најчесто во примарното производство, на нива, каде што се употребуваат одредени пестициди.

Од почетокот на годинава до АХВ се поднесени 79 иницијативи од граѓани за вршење инспекциски надзор, од кои 32 се однесувале на безбедноста на храната. Граѓаните се пожалиле на купување храна со поминат рок на употреба, храна подготвена и послужена во нехигиенски услови, несоодветно означена и неозначена храна, сомнежи за труење со храна, како и други претставки кои се однесуваат на квалитетот на прехранбените производи. Од вкупниот број поднесени иницијативи од областа на безбедноста на храната, како неосновани се отфрлени четири. По поднесените и основани претставки постапуваат инспекциските служби на АХВ.

Како што рече директорот Бабовски, повеќе од 600 милиони луѓе во светот се разболуваат од несоодветна, неквалитетна или небезбедна храна, повеќе од 420 000 лица умираат секоја година од небезбедна храна или еден од 10 се разболуваат од конатминирана храна. Храната е воедно причинител и на преку 200 болести кај луѓето.

„Со оглед дека наредната недела земјава ја очекува топол бран, до 39 степени, граѓаните на крајот од набавката да ги купуваат леснорасипливите производи и веднаш да ги складираат на температура не повисока од пет степени. Со тоа, заедно, одговорно се грижиме за своето здравје“, порача Бабовски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: