понеделник, 24 јуни, 2024
Реклама

Од полноќ зголемување на цената на мазутот

benziska pumba, benzi, dizel

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 10.6.2024 година.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,164 ден/кг и изнесува 43,639 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира: