Приведени двајца прилепчани при кражба во Градско

lisici
lisici

Двајца прилепчани биле приведени при кражба во викендица во близина на локалитетот Стоби, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 24.06.2024 во 17.50 часот во Градско, во близина на локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.А.(32) и Е.С.(40), двајцата од Прилеп, кои одзеле предмети од викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С.(61) од Скопје“, соопштија од СВР Велес.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а при извршениот преглед кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти. Н.А. и Е.С. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: