Поранешниот младински ракометен репрезентативец на Македонија, Марко Трајковски е најновото засилување за новиот суперлигаш Бисинов Фруитленд.
Текстот продолжува под рекламата
26 годишниот кружен напаѓач Трајковски доаѓа од екипата на Голден Арт каде ги помина последните две сезони, а беше член и на Пролет, Бутел, Јуниор КВ, Тиквеш, Прилеп.
Текстот продолжува под рекламата
Претходно, како што е познато, Бисинов Фруитленд го ангажираше и крилото на Тинекс Пролет, Мартин Димов, како и искусниот Зоран Стојановски, а ги продолжија договорите со двајца стандардни првотимци Филип Сиљанов и Илија Табаков, како и голманскиот тандем Манев и Митревски.
Можеби ќе ве интересира: