Пандов преку кревање медиумска магла сака да го прикрие пуштањето осудени од 27 април што е скандалозен чин на узурпациај на институцијата, обвини СДСМ.
„За само две недели директорување на Пандов, од Штипскиот затвор 4 осудени лица за 27 април се пуштени на прекин на издржување на казната? Како осудениот Јане Ченто за насилствата од 27 ми април со негов потпис е пуштен?
Како Александар Јаневски Тошта исто така осуденик е пуштен? Како се пуштени осудените Оливер Поповски и Митко Пешов од затворот во Штип? Како е можно со потпис на Пандов некој да има прекин во казната од 30 дена?
Ова се прашањата на кои Пандов треба да одговори“ порачаа од опозициската партија.
Можеби ќе ве интересира: