Реклама

СВ. Кирил и Методиј ја создале глаголица во Крупиште

Аз, буки, веди тоа се првите букви од глаголицата што Свети Кирил ги напишал во деветиот век, кога ја создал првата словенска азбука. Иако со векови се спори  за потеклото на светите браќа, но и за местото каде е напишана глаголицата, сега кај славистите преовладува т.н Македонска теорија. За тоа потврда наоѓаат во краткото житие наречено Успение Кирилово каде  се вели дека Методиј бил поставен за управник на словенска област по течението на Брегалница,  а набргу тука му се придружил и неговиот брат Кирил по што ги напишал првите словенски букви.  Има сериозни претпоставки дека тоа можеби се случило на локалитетот Кале.

Zito akcija 640x289px

Универзитетскиот професор од Факултетот за образовни науки на катедрата за археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Трајче Нацев вели дека археолозите своите претпоставки дека токму овде е создадена глаголицата ги темелат на тоа што во близина на селото Крупиште има четири цркви и една петокорабна катедарала од 5до 10 век, или овде според овие објекти се наоѓал  голем епископски центар. На овој локалитет со години не е истражувано, деновиве кога го посетивме локалитетот беше обраснат со трева.

Agria

Ако претпоставката дека Крупиште е место каде е напишаната глаголицата, тогаш тоа значи дека тука се преведени и најзначајните црковни книги, кои светите браќа Кирил и Методиј ги користеле при нивната најзначајна мисија-Моравската. Но засега овој локалитет е далеку од тоа да  раскажува приказна за првата словенска азбука.  И понатаму останува скриен во трева и троскот. Според зборовите на мештаните, пред пандемијата, го барале само  авантуристи, најчесто Руси, кои опремени со мапи доаѓале да го видат местото каде можеби била напишана првата словенска буква.