Велешкиот футсал клуб го потврди 23 годишниот Бобан Дукадиновски како прво засилување за новата сезона. Досега има настапувано за младите категории на ФК Борец и неколку години голем фудбал во ФК Превалец. Ова ќе му биде прва сезона во футсал светот.
Содржината продолжува под рекламата
„Своето искуство од голем фудбал и активен на големите терени сака да го покаже и на малите терени во системот 4+1 каде годинава за прв пат преку КМФ Кеги Моби ќе дојде на сцената на Првата македонска футсал лига“, изјавија од клубот.
Содржината продолжува под рекламата
Од клубот најавија дека седум засилувања пристигнаа во клубот, чии цели се горниот дел на табелата и обезбедување на навремен опстанок.
Можеби ќе ве интересира: