Со ревијален натпревар на ветераните на Горски на ракометното игралиште во паркот, на кој учествуваа голем број фудбалери од различни генерации на клубот, ФК „Горски“ го одбележа својот јубилеј 102 години постоење.
Содржината продолжува под рекламата
Далечната 1921 година, група ентизијасти го формираат културно уметничкото спортско друштво „Горски“ во Велес. Станува збор за маалски клуб кој натпреварите во фудбал на почетокот ги одигрувал помеѓу младинците од улиците крај влашката црква како и крај мовчето на поток „Дервен“, во тој дел на градот. Како минувале годините така клубот созревал.
Содржината продолжува под рекламата
Во моментов ФК „Горски“ се натпреварува во општинската фудбалска лига.
Можеби ќе ве интересира: