Реклама

Почина велешанка од коронавирус

Korona smrten slucaj Srbija

Веќе петти ден нема новозаразени од Ковид 19 во Велес. Сепак на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај.

Zito akcija 640x289px

На ниво на државата направени се 314 тестирања, а од нив 16 се позитивни на коронавирусот. Во Скопје се регистрирани девет, во Штип пет, а во Струга и Гостивар по еден случај.

Agria

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.