Две пријави за измами по телефон и интернет

policija Veles

Во СВР Велес биле пријавени две измами преку телефон и веб страна. 75 – годишна жена од Велес пријавила дека
била измамена од едно лице за сума од 600 евра, додека во вториот случај, 22 – годишник од Скопје пријавил дека бил
измамен од едно лице за сума од 1.000 евра.

Zito akcija 640x289px

„На 15.11.2024 во Полициската станица Велес, 75 – годишна жена од Велес пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 600 евра. Според пријавеното, на 14.11.2024 лицето и се јавило телефонски, се претставило дека е од Скопје и ја известило дека и следувале околу 20.000 евра, но за да ги добие требало да му ги испрати парите. Како што е
пријавено, таа ги испратила парите преку автобус, а по кратко време лицето повторно и се јавило и побарало уште 1.500 евра за да добиела поголема сума, по што сфатила дека е измамена“, известија од СВР Велес.

Agria

„На 15.11.2024 во 16.30 часот во СВР Велес, 22 – годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.000 евра. Според пријавеното, на 05.11.2024 на веб страна нашол стан за издавање во Италија, по што стапил во контакт со лице за договор за слободен термин, а откако му бил пратен линк, преку банка ги уплатил парите. Како што е пријавено, на 15.11.2024, на денот планиран за заминување во Италија, се обидел да стапи во контакт со лицето кое го издавало станот, но одговор немал и бил блокиран“, информираа од СВР Велес.

Пред  два дена МВР ги предупреди граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, преку социјалните мрежи или телефон и во многу случаи, жртвите остануваат без средства пред да сфатат дека се измамени, а штетите се значителни.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: