Во раните утрински часови на улицата „Вера Циривири“ во Велес избувнал пожар на патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 48-годишниот А.С. од Велес.
Случајот бил пријавен во СВР Велес во 00:02 часот. На местото на настанот брзо интервенирала екипа од Територијалната противпожарна единица Велес и успеала да го изгаси огнот. Според првичните информации, во пожарот нема повредени лица.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а причините за пожарот се сè уште се утврдуваат.