Велешките фудбалски третолигаши добија по 20 фудбалски топки од ОФС Велес

Претседателот на ОФС Велес, Трајче Шопов деновиве подели 80 фудбалски топки, по 20 за секој клуб, на велешките клубови, Борец 1919, Превалец, Топлка и Башкими од село Горно Јаболчиште која е донација од ФФМ.

„Доделивме по 20 топки за сите велешки клубови кои се натпреваруваат во Третата фудбалска лига – Југ, кои ги донираше Фудбалската Федерација на Македонија на чело со претседателот Масер Омерагиќ. Се надеваме дека во иднина ќе има и други слични донации се со цел да се подобрат условите за игра на третолигашите“ изјави Трајче Шопов, претседател на ОФС Велес.

Agria

Претставниците на клубовите кои ги добија топките ја поздравија оваа иницијатива на ФФМ бидејќи во овие времиња секоја донација е добредојдена за клубовите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: