Со доделување на наградите заврши 2. Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“ во Велес

Со свеченото доделување на наградите заврши второто издание на Меѓународниот фестивал на сатирата „Џинот“, кој изминатите два дена се одржуваше во Велес. Годинашниот фестивал беше посветен на темата „Среќа“, а на конкурсот учествуваа бројни автори од земјата и регионот со свои афоризми.

Наградата за најдобар афоризам му беше доделена на Екрем Мациќ од Коњиц, Босна и Херцеговина. Првата награда ја освои Љупка Цветанова од Штип, додека Специјалната награда за етно афоризам му припадна на Ацо Ѓорѓиев, исто така од Штип.

Agria

Фестивалот го организираше Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес, во соработка со Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: