ФЗОМ ќе прави проценка на критериумите за здравствено осигурување

Apteka lekovi

Клексаснот од крајот на следниот месец ќе биде достапен на рецепт во аптека.. Освен клексанот уште еден лек против згрутчување на крвта – надропарин, ќе се најде исто така на позитивната листа.

Партиципацијата која ќе се плаќа допрва треба да ја утврди Фондот заедно со фиримите дистрибутери.

Agria

Сашо Клековски – Директор на ФЗОМ

„Овие лекови досега беа на позитивната Б листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундација. До крајот на ноември овие два лека ќе бидат достапни во аптеките на рецепт. Тука имаме двојна добивка, граѓаните, пациентите нема да мора да одат по шалтери за да ги рефуднираат средставата за овие лекови. А второто е дека ние ќе имаме помал притисок за работа и ќе можеме да се концентрираме на други прашања. Ова е уште еден чекор на префрлање на лекови од болничката на аптекарската листа, а ќе следат и нови чекори. Јас веќе најавив дека во оваа фаза се антикоагуланси бидејќи третираат еден широк спектар на лица кои имаат потреба.“

Освен тоа, од ФЗОМ најавија дека ќе се прави и преиспитување на критериумите за здравствено осигурување… Заедно со УЈП и МВР ќе се проценуваат ризиците од злоупотреба, а фокус ќе бидат лица кои работат во сива економија или живеат и остваруваат приходи во странство, а немаат регистрирани приходи во земјава.

Сашо Клековски – Директор на ФЗОМ

„Фондот поради тоа трпи загуби и по основ на неплатени придонеси, и по основ на повеќе исплатени капитации кон матичните лекари, бидејќи бројот на осигуреници е основ за нивно плаќање. Процесот го спроведува работна група составена од претставници на Фондот, Министерството за здравство, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, а по потреба се консултира и Министерството за внатрешни работи.“

Македонија има еден од најсеопфатните закони во регионот, кој обезбедува основ за здравствено осигурување за секој граѓанин, со цел – универзално здравствено осигурување за сите. Во моментов, во системот на Фондот се регистрирани 1.845.007 осигуреници.

Извор: Телевизија 24

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: