Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Расте бројот на заразени текстилни работнички

Infektivno Stip
Infektivno Stip

Штип се уште со двоцифрен број заболени. Во новиот бран на корона вирусот позитивни се и двајца медицински работници, а уште шест се во изолација. Од Клиничката болница велат дека до крајот на неделата на помош доаѓа инфектолог од Струмица или Кочани. На инфективно се лекуваат 23 пациенти, еден си оди дома, а еден поради влошена здравствена состојба е пренесен во Скопје. Растот на заболени кои имаат потреба од болничко лекување може пациентите од неврологија да ги пресели на интерно. Но иако има само девет слободни кревети од болницата се надеваат  дека инфективно нема целосно  да се исполни.

Zito akcija 640x289px

“Зрак на оптимизам, или среќа во несреќа е тоа што имаме секој ден новодијагностицирани пациенти, но од целокупната бројка најчесто двајца или тројца имаат симптоми, и имаат потреба да бидат прегледани на инфективно одделение, се со цел да се процени дали ќе го продолжат лекувањето во домашни услови или ќе бидат задржани на одделение, ” рече директорот на Клиничка болница Штип Ален Ѓеоргиев.

Масовниот скрининг што заврши пред два дена покажа дека позитивни случаи на корона вирус има во сите седум конфекции опфатени со тестирањето. Лоцирани се контактите и дефинирани се пет активни кластери. Од центарот за јавно здравје најавуваат дека кон крајот на неделата тееба да стартува тестирањето на 238 вработени во градинките во Штип и Карбинци. Тестирањето на конфекциите потврди и два случаи на заразени текстилни работнички од пробиштипско Пишица. Поради тоа општинскиот кризен штаб на Пробиштип одлучи жителите да добијат  техничка вода и покрај тоа што браната над нивното село сеуште нема технички прием.

“Донесовме времена одлука да се пушти вода од браната Пишица. Таа вода е техничка и ќе се користи за наводнување поради што нема да се појави недостиг од вода за пиење, што е важно и во одржување на хигиената посебно по потврдувањето на двата случаи во селото”. велат од Општинскиот кризен штаб на Пробиштип.

Жителите на Пишица пред двесетина дена организираа и протест бидејќи  две години по изградбата на браната се уште чекаат да дотече вода до нивните ниви и дворови. Сега за наводнување и за стоката користат вода од водоводот што значи суви чешми за половина село.  Тогаш од Министерството за земјоделство рекоа дека со техничкиот прием се доцни поради пандемијата и неможноста комисијта да излезе на терен.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: