Работник на ЈКП Дервен бил истепан додека бил на работа. Инцидентот се случил синоќа, половина час пред полноќ, на улица „Максим Горки“, кај месноста „Бричкова чешма“.
„На 15.06.2020 во 02.00 часот во СВР Велес Ш.Ј. (39) од Велес пријавил дека околу 23.30 часот, додека извршувал работни задачи во ЈКП „Дервен“, на ул.„Максим Горки“, кај м.в.„Бричкова чешма“, бил физички нападнат од Д.Т. (30). По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: