Реклама

Нов случај на заразен здравствен работник

STIPSKO DETSKO

Цела смена од одделението за грижа на новороденчиња во штипската Клиничка болница оди во изолација. Една медицинска сестра е позитивна на корона вирус. Не знае од каде се заразила, а последен пат на работа била во недела. Симптоми добила откако се вратила од 24 часовно дежурство во понеделник. Засега родилките и бебињата што биле на акушерското одделение се добро, но добиле насоки од епидемиолозите.

Zito akcija 640x289px

“Во моментот кога позитивната медицинска сестра била на работа имало седум родилки. Сите седум се исконтактирани од страна на надлежните епидимиолози, дадени се препораки и ни постапуваме според дадените препораки на епидимиолозите”, изјави Ален Ѓеоргиев директор на Клиничка болница Штип.

Agria

Во моментот во штипската Клиничка болница позитивни на вирусот се пет медицински лица од неколку одделенија. Тоа дополнително ја отежнува работата со оглед на тоа дека од стартот на пандемијата 10 проценти од вработените во болницата по различни основи се ослободени од работа. Сепак директорот вели дека се организираат по приницип на дежурства за да нема мешање на една група со друга.

“Работата е така организирана да таа смена кога ќе заврши има неколку дена слободни, за да не се меша со останатите вработени. Се со цел да при појава на позитивен медицински работник имаме кој да го замени и да продолжиме со работа”, изјави Ален Ѓеоргиев директор на Клиничка болница Штип.

А откако вчера поради малиот број стигнати резултати немаше ниту еден заболен од корона вирусот денес повторно се регистрирани нови случаи во Штип. Неколку се поврзани со конфекцијата што неколку дена е ново жариште на вирусот. По растот на бројот на заболени, таа по иницијатива на сопственикот ќе остане затворена во наредните седум денови.

Поврзани вести: