Почнува да се гради водовод во село Отовица

vodovod otovica1
vodovod otovica1

Селото Отовица и викенд населбата на езерото Младост кај Велес ќе добијат квалитетна вода за пиење. Денеска се означи почетокот на изградбата на водоводниот систем за двете населени места, кој ќе биде поврзан со хидросистемот „Лисиче“. Ќе се изгради цевковод долг 2,5 километри, а ќе се користат полиетиленски цевки чиј пресек е 90 милиметри, кои можат да издржат притисок од 6 до 16 бари.

Zito akcija 640x289px

„Како додадена вредност на овој проект, со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање, на Општина Велес и на ЈКП Дервен ќе ја започнеме изградбата на новата магистрална водоводна линија од потегот Желен Мост до населбата Весела Долина. Количеството на вода што ќе се дистрибуира кон село Отовица, објектите на Езеро Младост и населба Речани, значително ќе се зголеми. Решаваме голем проблем што е особено важен за развој на селскиот и транзитниот туризам поради местоположбата на село Отовица и секако неговата атрактивност како сега исто така се надевам и во иднина“, рече градоначалникот на Велес Аце Коцевски, кој денеска во придружба на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и раководителот на Вардарскиот плански регион Игор Андреев го означија почетокот на изградбата на овој водовод..

Agria

Водоводот ќе почнува во близина на првата плажа на брегот на Езеро Младост, па покрај левата страна од регионалниот пат за Скопје, во два наврати ќе поминува под патиштата и под железничката пруга Велес – Кочани и ќе заврши кај постоечкиот резервоар.

Проктот го подготви Општина Велес, а во Министерствата за животна средина и за локална самоуправа ги аплицираше Центарот за развој на вардарски плански регион. Парите во висина од 114.000 евра ги обезбедува Министерството за локална самоуправа.

„Жално е што во 21 век се уште зборуваме за села што немаат канализациона и водоводна мрежа. Затоа како Влада избравме да финансираме вакви инфраструктурни проекти, со цел да се подобри животот на граѓаните во населените места и да се заштити нивното здравје и животната средина. Знаеме колку е важно здравјето во овие моменти и ова е превенција, да се запре ширењето на други видови на болести. Со изградбата на оваа водоводна мрежа ја подобруваме и туристичката понуда, преку изградба на нови викен куќи и ширење на населбата. Во исто време се подобруваат и условите за живот на граѓаните во Отовица“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

vodovod otovica Goran Milevski

Милевски го истакна партнерскиот однос со општините и центрите за развој на планските региони. Од нив побара квалитетни проекти, за кои ќе се добиваат пари од државниот буџет.

„Како нов в.д, раководител на Центарот за развој на Вардарски плански регион ќе се стремам да продолжиме со интензитетот на подготовка и реализација на проекти, за подобрување на условите за живот на граѓаните во регионот, како и за привлекување на туристи и инвеститори“, рече Игор Андреев, раководител на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Изведувач на градежните работи е скопската фирма „Дан Са”, која има рок од четири месеци да го заврши проектот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: