Реклама

ФК Борец доведе млад и перспективен напаѓач

Stojcevski Borec

Управата на ФК Борец деновиве е исклучително ангажирана и сконцентрирана околу ростерот за следната сезона. Се преговара со староседелците, се носат нови кои треба уште повеќе да го засилат тимот.

Zito akcija 640x289px

Откако пред неколку дена потпиша со Стојан Стојчевски, денес клубот го потврди и второто засилување. Младиот и перспективен напаѓач, Марио Станковски следната сезона ќе биде дел од екипата на Борец. Досегашниот член на тимот на Каменица Саса се договори за соработка со велешани и ќе се појави на првата прозивка на тренерот Горазд Михаилов.

Agria

Верноста кон клубот денеска ја продолжија и стандардниот голман Бурхан Мустафа и сите странци кои и досега го носеа дресот на Борец, Бразилецот Силва, најдобриот стрелец, хрватот Никола Прелчец, како и србите Радовиќ и Гавриќ.

Поврзани вести: