Отворен е градскиот базен во Велес за капачи. Неколку стотини гости синоќа присуствуваа на свеченото отворање, во новиот амбиент на градскиот базен. Отворени се и шанковите, од кои посетителите годинава можат да се разладуваат со пијалоци, но и со специјалитети кои тие ги нудат.
На синоќашното отворање, гостите ги забавуваа членовите на велешкиот „Тринити бенд“. Сопствениците на базенот и годинава ветуваат добра забава за сите посетители на базенот.
Можеби ќе ве интересира: