Телефоните на Самсунг се добро познати по нивните извонредни камери. Значи, кога се зборуваше дека процесорот Qualcomm Snapdrn 865 ќе биде чипот што ќе ја напојува новата серија на Galaxy S20 серијата многумина се сомневаа дека една од новите одлики на телефонот ќе биде можноста за снимање на 8K видео. И сега знаеме: трите нови телефони на Самсунг S5 5G навистина ќе ви овозможат да снимате во 8K за висококвалитетни, брилијантно обоени видеа.
Овие не се првите телефони со можност за снимање во 8K. Таа чест ја држи кинеската компанија ZTE, која го претстави својот телефон 8K Smart STB во Шангај во 2019 година. Сепак, телефоните Galaxy S20 ќе ја имаат предноста на новиот процесор Snapdrn 865. Според Самсунг, видеата ќе бидат засилени со својата технологија Super Steady, која сега нуди стабилизација и анализа на движење поддржана со AI (Вештачка Интелигенција).
Корисниците ќе можат да ги уредуваат видеата директно на телефонот, нешто што го видовме сами во демо кога Самсунг ги преставуваши новите модели. Исто така ќе можат да направат фотографија од 32 мегапиксели.
Потоа, тие ќе можат лесно да ги прикажат овие видеа или дома или надвор на социјалните медиуми, конкретно на YouTube. Ако поседувате телевизор Самсунг QLED 8K за 2019 или 2020 година, ќе можете да ги пренесувате видеата од 8K директно од Galaxy S20 до телевизорот. Самсунг соработува со YouTube за да ви овозможи директно да испраќате 8К видеа (под претпоставка дека вашиот оператор може да се справи со тоа).
Ова е, се разбира, само дел од привлечените нови телефони на Самсунг за фотографи. Постојат најразлични нови функции за правење фотографии, вклучително и можност за зумирање до 30x на Galaxy S20 и S20 Plus или до 100x на S20 Ultra. Но, блогерите и другите видео-автори ќе бидат особено задоволни од оваа најнова импресивна надградба.