Двајца штипјани во еден ден починаа од коронавирусот

stip-2
Infektivno Stip

Две нови жртви на корона вирусот во Штип. Починаа двајца повозрасни пациенти на 80 и 75 години. 80 годишникот на инфективното одделение е примен на 5-ти Јуни. Во текот на лекувањето повремено бил и на кислородна подршка. Другиот 75 годишен пациент во тешка состојба во болница е донесен вчера, а починал неколку часа по приемот.

Брисот дека е позитивен стигнал постмортем. И двајцата претходно имале здравствени проблеми. Ова е е трет починат пациент од Ковид 19 во штипската болница, откако минатата недела битката со вирусот ја изгуби 63 годиша жена.

Agria

Расте и бројот на нови регистрирани случаи. Од вчера е затворена уште една, девета по ред конфекција каде има поголем број потврдени случаи, а со Ковид19 има и во фирма од кожарско-чевларската индустрија. Најголем број од новите случаи се поврзани со веќе постојните кластери.

Според директорот на Клиничка болница во Штип моментално на инфективното одделение се лекуваат 22 пациенти со потврден корона вирус, а за уште двајца се чекаат резултати од земените брисеви.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Жито Маркет ќе го отвори својот 79-ти маркет во Струга
Приведен возач во Велес поради опасно возење и напад на полицаец
Васил Јованов осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова