Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл одлучија да се повлечат од сите кралски должности и својот живот да го водат на поинаков начин. Нивната одлука ја шокираше и британската и светската јавност, која со недели не престанува да зборува за овој пар. Двајцата официјално ќе ги завршат сите кралски должности на 31 март, а сега е откриено и како принцот Хари се чувствува по повод ова.
Имено, прилател на принцот откри некои детали кои јавноста досега не ги знаеше.
– Тој отсекогаш сакаше да се тргне од центарот на вниманието и моментално тоа и го прави, но тоа практично значи дека мораше да го напушти своето семејство, раскажа пријателот на принцот.
Принцот, наводно, им раскажал на своите пријатели дека губењето на кралската титула е мала цена која што морал да ја плати, со оглед на тоа што сè ќе добие откако ќе се повлече од должноста. За неколу дена Хари и неговата сопруга ќе се сретнат со останатите членови на семејството, што ќе биде прв пат да се заедно, откако веста дека се повлекуваат го обиколи светот.