Шпански научници дојдоа до вознемирувачко откритие: Коронавирусот не потекнува од Кина, туку од Европа

koronavirus naucnici
koronavirus naucnici

Шпанските виролози пронајдоа траги од коронавирусот во примероци кои се земени од отпадните води во Барселона во март 2019 година, девет месеци пред да се идентификува Kовид-19 во Кина, објави денес Универзитетот во Барселона.

Zito akcija 640x289px

Доколку биде потврдено дека вирусот во Шпанија бил присутен уште тогаш, тоа би значело дека болеста се појавила многу порано, отколку што научната заедница мислеше.

Agria

Тим од Универзитетот во Барселона, кој, во средината на април годинава, правел тестови на отпадните води, за да идентификува потенцијална нова епидемија, одлучи да ги провери и постарите примероци.

Тие откриле дека вирусот бил присутен во Барселона на 15 јануари 2020 година, дури 41 ден пред првиот случај во тој град, официјално да биде регистриран.

Тимот потоа извршил тестови на примероци земени помеѓу јануари 2018 и декември 2019 година и открил присуство на геном на вирус во еден од примероците, кои биле земени на 12 март 2019 година.

Досега во Шпанија од коронавирус починаа повеќе од 28 000 луѓе, а речиси 250.000 се заразени.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: