Реклама

Во петок ждрепка за финалето во Лигата на шампионите

FC Barcelona v Sevilla FC

УЕФА објави дека ждрепката за завршницата во Лигата на шампионите ќе се случи утрешниот ден во 12 часот на Централноевропско време, односно на 10 јули во седиштето во Нион, Швајцарија. Тоа ќе биде прва ждрепка од ваков вид во историјата на Лигата на шампионите.

Zito akcija 640x289px

Од претходно се знае дека Лигата на шампионите ќе заврши според турнирски систем во кој ќе учествуваат осум екипи, кој ќе се игра во Лисабон. Финалето е закажано за 23 август на стадионот „Естадио да Луз“ на Бенфика.

Agria

Останатите возвратни натпревари треба да се играат во градовите домаќини каде требаше да се играат според првичниот распоред. Во случај на лоша епидемиолошка состојба во некои градови, овие натпревари ќе се играат во Порто и Гимараес.

По преостанатите четири возвратни дуели од (Сити – Реал, Баерн – Челси, Јувентус – Лион и Барселона – Наполи) на 8 август, на победниците на овие натпревари ќе им се приклучат Аталанта, Лајпциг, ПСЖ и Атлетико во Лисабон, каде финалето на Лигата на шампионите ќе се игра од 12 до 23 август.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8094/osum-pochinati-i-163-novi-zarazeni-gragani-so-koronavirus/