Реклама

Ако сите носиме маски, за 10 дена во Македонија ќе нема ниту еден новозаразен

Nosenje maski

Најновата анализа која имала за цел да го квантифицира влијанието на носењето маски врз ширењето на SARS-CoV-2, утврдила дневно намалување на бројот на новозаболени за 40 проценти во германскиот град Јена. За десеттина дена, бројот на новозаразени паднал на нула.

Zito akcija 640x289px

Овој податок го проучувал македонецот Марјан Божиновски, кој докторирал технички науки на универзитетот во Алборг, Данска. Тој направил симулации за две сценарија, за да открие какви ефекти би имало доследното почитување на мерката за носење заштитни маски.

Agria

Според првото сценарио, Божиновски земал дневен пораст на бројот на новозаболени од 10 проценти, а според второто, порастот бил 2 отсто. Тој претпоставил и други параметри. Почетниот кумулативен број на потврдени заразени го утврдил на три илјади, почетниот дневен број на новозаразени на 150. Според сценариото, првите 14 дена не се носеле маски. Тие почнат да се носат на 15-тиот ден и тоа со претпоставена дисциплина како во градот Јена.

Божиновски дошол до фрапантен резултат: за 10 до 12 дена од почетокот на масовното носење маски, веќе нема новозаразени и кумулативниот број на заразени повеќе не се искачува.

Според тоа, тој дошол до заклучок дека ако во Македонија самодисциплината за носење маски е како таа во германскиот град Јена, логично е да се очекува дека за 10 до 12 дена бројот на новозаразени ќе падне на нула.

„Општ заклучок е дека 40% дневна редукција за 10 дена води до 99.4% намалување на дневниот број на новозаразени во однос на почетниот број“, заклучува Божиновски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8187/veleshkiot-sud-mu-odredi-pritvor-na-panchevski/