понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

Во БиХ повторно прогласена состојба на епидемија

Во Босна и Херцеговина денеска повторно е прогласена состојба на епидемија, со цел поефикасно дејствување за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

„Прогласувањето епидемија на Ковид-19 на целата територија на Федерацијата на БиХ подразбира пооперативно дејствување на сите релевантни институции кои спроведуваат мерки за спречување на ширењето на Ковид-19“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Agria

Во соопштението се додава дека прогласувањето епидемија не значи воведување нови рестриктивни мерки, туку само ќе се настојува поефикасно да се спроведуваат веќе пропишаните.

Станува збор за одржување физичка дистанца, забрана за големи собири и обврска за носење заштитни маски во затворен простор, но и на некои отворени простори, како што се пазарите.

Директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Жељковиќ, на прес-конференција, денеска рече дека епидемиолошката состојба таму може да се опише како неповолна.

Тој најави дека наскоро најверојатно ќе биде воведена обврската за носење заштитни маски на отворено.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8520/poradi-koronavirusot-czrnogorskiot-turizam-trpi-golemi-shteti/