Во Германија, бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус за едно деноноќие се зголемил за 529, на вкупно 201 372 регистрирани случаи, додека во Мексико, според Министерството за здравство, тој број се зголемил за 7 257, на вкупно 331 229.
Покрај зголемувањето на случаи позитивни на вирусот, податоците покажуваат и зголемување на бројот на починати во Германија.
Од другата страна на светот, во Мексико, потврдени се 736 нови смртни случаи, со што бројката на починати се искачи на 38310, а мексиканската влада исто така соопшти дека веројатно вистинскиот број на заразени е значително поголем од бројот на потврдени случаи.
Можеби ќе ве интересира: