Денеска во Босна и Херцеговина потврдени се 244 нови случаи на коронавирус, соопштија институтот за јавно здравје на Босна.
Во изминатите 24 часа, тестирани се 1044 примероци, од кои 158 биле позитивни, додека во Република Српска биле тестирани 600 примероци, а коронавирусот бил потврден во 86 случаи.
Повеќето се ново заразени во Сараево, каде се потврдени 84 нови случаи. Втор град со најмногу позитивни случаи има во Бања Лука со 22 ново заразени лица.
Со најновите резултати, вкупниот број на заразени со коронавирус во БиХ сега е повеќе од 8100, со 247 потврдени смртни случаи.
Можеби ќе ве интересира: