Три нови случаи на ковид 19 во Велес

Veles_saat

Во последните 24 часа во Велес се регистрирани три нови случаи на коронавирус, во државава бројката е 119 известија од Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

Со високи бројки одново се Скопје 35, Штип 17 и Куманово 15. Во Битола и Кичево се регистрирани осум случаи, Демир Хисар пет, Тетово четири, по три има во Прилеп, Струга и Охрид, два има во Кавадарци, а по еден позитивен случај има во Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово и Кочани.

Agria

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти, починати се 4 лица, три пациенти од Скопје и пациент од Гостивар.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: