Шпанските медиуми пренесуваат дека е извесен трансферот на Хамес Родригез надвор од Реал Мадрид.
Колумбискиот фудбалер е еден од играчите кои не се посакувани на „Бернабеу“, па токму затоа од клубот прават се што можат да се ослободат од неговиот договор.
Според најновите најави, неговиот трансфер веќе е договорен и Хамес ќе го напушти Реал Мадрид, но нема да го напушти и главниот град на Шпанија.
Тоа е така затоа што Реал се согласил да го продаде крилниот фудбалер на нивниот лут градски ривал, Атлетико Мадрид.
„Душекџиите“ за неговите услуги на Реал Мадрид ќе му платат сума од околу 15 милиони евра.
Извор: derbi.mk
Можеби ќе ве интересира: