Реклама

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ е потребна сигурна иднина

vmro-dpmne palata

На Република Македонија не ѝ е потребна уште една влада како минатата за да граѓаните осиромашат. На Република Македонија ѝ е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата на соопштението на СДСМ дека водат сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство и нова влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Zito akcija 640x289px

„СДСМ во својот мандат единствено обезбеди сигурна сиромаштија.СДСМ во својот мандат единствено обезбеди сигурна сиромаштија. Над 700.000 граѓани се на работ на егзистенција. Граѓаните во време на криза немаат пари, а СДСМ се залага сметките за струја да се покачат.

Agria

Она што СДСМ досега го направила на македонските граѓани, според ВМРО-ДПМНЕ, не ветува сигурна економија и подобра иднина. Тоа, велат, ветува единствено сигурен банкрот на државата.

По предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, минатиот вторник се конституираше новиот парламентарен состав и почна да тече 10 дневниот рок за формирање парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата“ велат од партијата.

Извор: slobodenpecat.mk

Можеби ќе ве интересира: