(ВИДЕО) Панчо од ДНК „падна“ за шверц со дрога и заврши во затвор!

Panco DNK
Panco DNK

Панчо приведен во голема полициска акција за шверц на дрога! Недоволниот прилив на средства и љубовта кон саканата го натерале да се впушти во бизнис со дрога, кој наместо пари за лекување му донесе петгодишна затворска казна! Истата Панчо е спроведен да ја издржува во затворот во Куманово…

Zito akcija 640x289px

Ако веќе ништо не ви е јасно – полека!

Agria

Панчо микрофонот не го остави настрана за да стане дилер, ова е само приказната во новиот спот за песната „Денови во ноќи“.

– Идејата е да се испрати порака до младите дека треба да им се каже НЕ на сите пороци, но и дека не треба да потпаѓаме под влијанија, особено кога сме пред искушенија и тешки животни предизвици. Дека треба да веруваме во себе и да бидеме истрајни во своите желби и планови, велат Панчо и Андреј.

„Денови во ноќи“ веќе е лесно да се претпостави е со потписите на Панчо и Лазар Цветковски чии се музиката, текстот и аранжманот, додека за екранизацијата на приказната се погрижи, исто така, проверениот и маестрален соработник на ДНК, охриѓанецот Даниел Јовески. Дел од видеото уште се и Роберта Цветковска на која и припадна улогата на девојката, Стефан Хајредин го глуми дечкото, Игор Петрески е дилер, Ристе Филипов – инспектор, а Елена Стојческа – инспекторка. 

– И оваа песна е нешто во што навистина веруваме и нешто околу што навистина се потрудивме. Благодарни сме на сите кои ни помогнаа особено во реализацијата на видеото затоа што истото го снимавме додека земјата беше во карантин и на сила беше полициски час, велат момците и уште еднаш упатуваат посебна благодарност до  Министерството за правда и директорот на управата за извршување санкции Марјан Спасовски, КПУ Затвор Куманово и директорот Ненад Цветковиќ, како и клиниката Жан Митрев и Микел кафе.

А што се случило после 5 години, односно по излегувањето од затвор откријте во новото видео:

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: