Снимката од базенот на еден хотел во Мичиген може во најмала рака да се каже дека е ужасна, без разлика што на крајот се добро се завршило. Двегодишно дете се нашло во базенот помеѓу десетина луѓе, но никој од нив не забележал кога тоа почнало да се дави и се обидувало да се задржи на површина. Малечкиот се одржувал колку можел, но тогаш почнал да тоне кон дното.
На негова среќа, тоа го забележало деветгодишно девојче и веднаш ја повикала својата кума со која дошла на базенот. Таа дотрчала, скокнала во вода и со помош на останатите капачи, го извлекла детето од водата. Тогаш некој викна полиција, а снимката од разговорот можете да ја слуштете истовремено со ова видео. „А каде беше мајката на детето?!“, се прашувате и вие. Нема да верувате, но полицијата дополнително соопштила „дека и мајката била во базенот“.