Осумгодишно момче кое се возело, а потоа и излетало од жичарница во канадскиот скијачки центар Гроус, треба да им се заблагодари на група тинејџери што и понатаму е живо и здраво. Во текот на возењето тоа се лизнало од седиштето на седешницата, во моментот кога таа била шест метри над земјата. Неговиот татко некако успеал да го зграпчи за рака и во последен момент да го задржи да не падне долу. Напнатата ситуација ја забележале група момчиња од 13 и 14 години и не чекајќи ни минута, одлучила веднаш да тргне во спасувачка мисија. Тие искинале дел од заштитната мрежа која стои покрај ски-патеката, ја затегнале точно под момчето и потоа му викнале дека може да скокне. Тогаш, таткото на детето конечно можел да го пушти, а подготвената екипа на тинејџери успешно го фатила.