На здравјето на срцето секогаш треба да се внимава, а за тоа посебно свесни мораат да бидат луѓето постари од педесет години. Повеќето луѓе мислат дека немаат причина за грижа, бидејќи моментално се доволно здрави, но би требало да почнат да ги прават овие работи, за да им биде срцето во најдобра форма.
Седечкиот начин на живот не е добар за срцето, колку се луѓето постари, би требало повеќе да водат грижа за секојдневното движење. Само една прошетка на ден може да го подобри вашето здравје. Исто така, треба да го проверувате својот крвен притисок секој ден, за да ги следите можните промени и на време да ја откриете евентуална болест.
Треба што повеќе да јадете зеленчук, бидејќи е полн со витамин К, кој е клучен за згрутчување на крвта и цврстината на коските. Исто така, треба да ја намалите конзумацијата на алкохол, бидејќи секојдневното пиење на алкохолни пијалоци влијаат на покачувањето на крвниот притисок и појава на разни болести, како што е кардиомиопатија. Пушењето треба исто така да го намалите, но најдобро би било да престанете, бидејќи никотинот делува така што артериите се стегаат, а тоа придонесува до забрзана работа на срцето.
Поради високиот крвен притисок, морате да внимавате на внесување на сол во организмот, а треба да јадете и повеќе риба, која е богата со омега-3 масни киселини, кои се одлични за срцето. Исто така, треба да јадете и малку темна чоколада, бидејќи содржи полифенили кои го штитат срцето од болести. Дружењето со пријатели е добра работа за здравјето на вашето срце, бидејќи пријатното опкружување го намалува стресот.