Вода со краставици е освежителен пијалок кој се користи како помош за губење на телесна тежина и елиминација на отровите кои се акумулирани во вашето тело.
1. Срце
Според извештајот на Аериканската асоцијација за срцево здравје, прва шричина за смртност во САД е болеста на овој орган. Паметен план за исхрана е најдобар пат за заштита на срцето. Водата од краставици ќе го намали крвниот притисок со што ќе се намали ризикот од срцеви заболувања.
2. Мускули
Овој напиток ги храни мускулите со есенцијални нутриенти, па ако сакате муслулите да бидат поголеми, конзумирајте дневно барем две чаши од овој напиток (посебно ако вежбате).
3. Хронични болести
Некои од нив се дијабетес, Алцјамерова болест, болест на очите и многу други. Краставиците се полни со јаки антиоксиданси, кои ја зајакнуваат функцијата н амозокот, го намалуваат стресот и спречуваат поајва на болестите поврзани со стареењето.
4. Коски
Остеопорозата денес е една од најопасните состојби која може да ве погоди, без разлика на годините, а доведува до полесни кршења на коските и болки во грбот. Краставицата нема да ја излечи остеопорозата, но високата содржина на витаминот К, може да ги зајакне вашите коски.
5. Кожа
Овој пијалок ќе ја хидратизира, тонира и ќе ја смири вашата кожа, бидејќи краставицата е богата со силициум, кој се користи и во третманот на лечење акни. Водата со краставица е богата со антиоксиданси, кои исто така, ја штитат кожата.
6. Детоксикација
Водата со краставица е еден од најчестите напитоци за детоксикација, кои ќе ве ослободат од насобраните токсини. Големата концентрација на влакна и вода ќе придонесат овој напиток буквално да ги исчисти сите отрови од телото.
Подготовка:
Во два литра вода ставете исчистена и исецкана органски произведена краставица (со лушпа) и оставете ја кратко време да отстои во фрижидер.