НЕМА ВЕЌЕ СОЛЗИ И ПЛАЧЕЊЕ ДОДЕКА СЕЦКАТЕ КРОМИД! Овие трикови се СПАС ВО КУЈНАТА и толку се едноставни што секогаш ќе ги користите!

kromid2

Еден од најдобрите начините за сечење кромид е тоа да се прави под вода и тоа во сад кој има рамно дно. Може да биде малку незгодно, бидејќи водата го забавува движењето на ножот,  но ако доволно цврсто го држите кромидот, ќе го исечкате без проблем.

Zito akcija 640x289px

Сецкањето во близина на пламен исто така е еден од начините. Огнот го одзема кислородот од воздухот, а така и ги привлекува честичките на кромидот. Најлесен начин за тоа е да го вклучите шпоретот и во негова близина да го сечете кромидот.

Agria

Можете кромидот прво да го ставите во фрижидер, без разлика дали е тоа на половина час или цел ден. Ладењето на кромидот при сечкањето го забавува процесот на промените на ензимите во гас. Колку ножот е поостар, толку резот е попрецизен и кромидот испушта помалку ензими.

Можете ножот да го премачкате со сок од лимон, бидејќи тој го намалува нивото на гасови.

Кога ќе почнете да сечете кромид, делот од кој расте коренот, односно оној испапчен дел на кромидот, би требало да го сечете последен, а не прв. Ако тој се пресече прв, кромидот почнува да ги испушта своите гасови и пред воопшто да почнете да го сечкате кромидот. Само ставете го кромидот на даска и сецкајте кон коренот, а него подоцна само фрлете го.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: