Традиционалната кинеска медицина верува дека нашето тело се буди во точно одреден дел од ноќта и дека тоа се случува бидејќи некои органи во телото јавуваат некаков проблем.
Западната медицина користи термин „циркадиурни ритмови“, со кој се опишуваат промените во внатрешноста на нашето тело, кои одговараат на околината во која се наоѓа.
Во текот на 24 часа енергијата се пренасочува во различни органи, за да можат да се регенерираат и да можат да ја извршуваат својата работа како што треба.
Ако се будите во ова време, тоа има свое значење:
21:00 до 23:00
Тоа е време кога ендокриниот систем, задолжен за хормоните и метаболизмот се обидува да воспостави рамнотежа. Ако секогаш се будите во ова време од ноќта, тоа значи дека сте под стрес, поради поминатиот ден или поради оној кој следува. До блокада на ендокриниот систем може да дојде и ако не се храните исправно или јадете предоцна.
23:00 до 1:00
Ако се будите во ова време, тоа значи дека нешто себе сѝ си забележувате. Можеби поради нешто што сте кажале или направиле, или што не сте направиле. Тоа е времето која ЈИН енергијата се претвора во ЈАНГ.
Во ова време жолчниот меур е активен, односно ги разградува маснотиите во телото, па будењето во ова време може да укажува дека конзумирате премногу нездрави маснотии.
1:00 до 3:00
Се будите постојано во ова време од ноќта? Тоа може да значи дека сте лути и фрустрирани. Негативната енергија влијае на процесите во вашето тело, а ова време во ноќта е важно, бидејќи телото тогаш најактивно ги исфрла отровите.
Црниот дроб испушта токсини, создава молекули важни за варењето, придонесува за создавање нова крв и така натаму. Ако со него нешто не е во ред, ќе бидете будни во овој период од ноќта.
3:00 до 5:00
Ако гледаме од духовна страна, будењето во овој период од ноќта може да укажува дека сте тажни или дека нешто ве боли. Можно е и да ви е ладно. Будењето во ова време може да укажува и на проблеми со белите дробови и недоволен доток на кислород во организмот.
5:00 до 7:00
Во ова време дебелото црево е активно, а отровите кои во текот на ноќта се профилирани и разградени, полека заминуваат од телото. Ако се разбудите во овој период од ноќта, тоа значи дека сте јаделе предоцна или дека имате навика да јадете лоша и нездрава храна, преполна со разни штетни материи.