Фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала, ги негираше гласините дека е заразен со коронавирус, но откри дека го чека исходот од тестовите.
“Имаше лажна вест дека имав коронавирус. Тоа не е точно, но доброволно сум во самоизолација како и сите други играчи. Во следните неколку дена ќе го знам исходот од тестот. Се надевам дека немам вирус, но ако го имам ќе останам во карантин “, изјави Аргентинецот во објавата на Инстаграм.
Претходно во Италијанскиот првак Јувентус, од вирусот беа беа инфицирани дефанзивецот Даниел Ругани и играчот од средниот ред Блез Матуиди.