сабота, 7 септември, 2024

ФИФА бара да се подигне старосната граница за фудбалерите на Олимпискиот турнир

Старосната граница за фудбалерите што ќе настапуваат на Олимпијадата во Токио би можела да се подигне. Ова го побара ФИФА од Меѓународниот олиписки комитет (МОК), за да играчите кои требаше да се натпреваруваат на Олимпијадата оваа година, да можат да го сторат тоа следната година, со оглед дека игрите се одложени за 2021 година, објави ФИФА.

Zito akcija 640x289px
Olmpijada fudblaeri

Учеството на Олимпискиот турнир во фудбал е ограничено на играчи под 23 години, со исклучок на тројца играчи кои имаат над 23 години. Нема старосна граница за женскиот олимписки турнир во фудбал.

Agria

Австралиската фудбалска федерација (ФФА) го поздравува овој потег.

„ФФА јасно стави до знаење дека Олимпискиот турнир во фудбал треба да се претвори во турнир за играчи под 24 години, со оглед дека ОИ е преместен во 2021 година“, се вели во соопштението на ФФА.

Работната група на ФИФА исто така посочи дека сите меѓународни натпревари закажани за јуни треба да бидат одложени поради пандемијата на коронавирус.