Паоло Малдини и Даниеле Малдини се позитивни на тестот за коронавирус, потврди официјалниот сајт на Милан.
Техничкиот директор и легендарен капитен на клубот, заедно со својот син биле во двонеделен карантин откако Паоло дознал дека бил во контакт со лице позитивно на вирусот.
Двајцата ќе останат во карантин и ќе ги следат лекарските препораки се до комплетно опоравување.