Овогодинешното Македонското фудбалско првенство дојде до својот крај. За време на викендот се играат натпреварите од последното 33 коло кое ќе даде одговор кои екипи ќ е обезбедат излез во Европа, и кои екипи ќе обезбедат сигурен опстанок во лигата.
Последниот натпревар за Борец оваа сезона ќе се одигра во Струмица, каде домаќин ќе му биде составот на Академија Пандев. Стојанче Трпчевски од Кавадарци ќе биде главен судија на натпреварот, а ќе му помагаат Душко Панов и Драган Трчевски исти така од Кавадарци.
На мечот во Кратово каде Силекс брка опстанок , а Струга излез во Европа, главен судија ќе биде Крумислав Ѓеоргиев. Во Гостивар пак, каде играат Ренова и Работнички, главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје. На стадионот во Тетово Шкендија ќе го пречека Шкупи, главен судија ќе биде Ндерим Тефику од Куманово.
Од наредната сезона новиот второлигаш Вардар на националната арена „Тодор Проески“, ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, а главен судија е ќе биде Фуркан Идризи од Тетово, додека во Битола на натпреварот кој нема големо резултатско значење, помеѓу Пелистер и Беласица, на центарот ќе застане Кирил Смоквоски од Прилеп.
Можеби ќе ве интересира: