На денешен ден, во прилепското село Небрегово, е роден Блаже Конески, истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог, јазичар, преведувач и професот на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
Содржината продолжува под рекламата
Учествувал во составувањето на правописот на македонскиот литературен јазик. Втемелувач на македонистиката на Скопскиот универзитет. Редактор на Речникот на македонски јазик. Прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ).
Содржината продолжува под рекламата
Во наследство ни остави богато творештво од областа на јазикот и литературата. Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на „Граматика на македонскиот јазик“, „Историја на македонскиот јазик“, „Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија“.
Можеби ќе ве интересира: