Крводарителите од Велес и околината по кој знае кој пат докажаа дека се едни од најхуманите во државата. На крводарителската акција која се одржа вчера тие донираа вкупно 141 крвна единица што во период на Пандемија со ковид 19 претставува огромно достигнување.
Во акцијата осумина крводарители за прв пат даруваа и станаа дел од најхуманото семејство во земјата, а истотака и неколку крводарители моторџии од Прилеп се приклучија кон акцијата.
Инаку ова е прва крводарителска акција која Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес ја реализира со Мото клубот „Носачи на крстот“ во овој период од годината, поттикнати од традиционалната Ноемвриска акција која се реализира 10-тина години и е една од најуспешните секоја година.
Можеби ќе ве интерсира: