17 ковид пациенти на кислородна поддршка во велешка болница

infektivno veles
infektivno veles

Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница во моментов изнесува 36 пациенти што е за еден пациент повеќе од вчерашниот ден. На кислородна поддршка се 17 пациенти.

Содржината продолжува под рекламите

Zito akcija 640x289px

Од нив, 27 имаат позитивни тестови, пет пациенти се сомнителни на вирусот, а четири пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.

Содржината продолжува под рекламите

Agria

На инфективното одделение се сместени 29 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат седум пациенти. Во последните 24 часа нема испишани пациенти, а хоспитализирани се тројца пациенти. Извршен е транспорт на еден пациент на 61 годишна возраст во приватна клиника Систина.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: