32 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес

За време на вчерашните сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Велес , од запрените возила 32 возачи управувавале возило со брзина поголема од пропишаната.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Во текот на вчерашниот ден (09.01.2022 год.) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што, се санкционирани 32 возачи. Од нив еден возач ја пречекорил брзината во населено место, а 31 надвор од
населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР Велес апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26664/utrovo-ushte-dva-zemjotresa-vo-grczija/