Ако некои гимназии не го намалат критериумот за запишување, учениците ќе мора да патуваат во други градови

gimnazija, spomenik na Koco Racin

Доколку гимназиите во Велес, Маврово Ростуше, Житоше и Долнени не ги примат учениците кои не го исполнуваат законскиот минимум со освоени 60 поени, тие ќе бидат принудени задолжителното средно образование да го продолжат во други градови. Од кабинетот на министерот за образование и наука Јетон Шакири за порталот „Слободен Печат“  појаснуваат дека не се работи за никаква наредба, туку надминување на одредени предизвици при процесот на запишување нови ученици во учебната 2023-2024 година и овозможување на правото на средно образование.

Zito akcija 640x289px

ва барање се однесува само за наведените општини, но не и за скопските гимназии кои останаа со празни места. МОН појаснува дека работат на надминување на овој проблем и од следната учебна година ќе се сменат критериумите за запишување во гимназиите во горенаведените општини.

Agria

Вработените од велешката гимназија „Кочо Рацин“ вчера реагираа на оваа одлука и порачаа дека мора да се сменат условите за упис, бидејќи со ова се прави прекршок на законот, се дискриминираат учениците кои се одбиени во првиот и вториот уписен рок, но се намалува и угледот на гимназијата.

Професот Маријан Стојановски

вчера за МИА изјави дека се работи за 16 деветоодделенци кои се пријавиле за упис во велешката гимназија, а кои се под неопходниот минимум од 60 поени, некои се со 59, а има и со 41 поен.

Од Министерството пак, информираа дека веќе оствариле средба со градоначалникот на општина Велес и се договориле да ги сменат критериумите за следната учебна година, за да можат и учениците со послаб постигнат успех да се запишат во гимназијата и да не бидат принудени средното образование да го продолжат во друг град.

„Министеството за образование и наука има одлична соработка со локалната самоуправа и со градоначалникот на општина Велес. Комуникацијата е речиси на дневна основа и за тековни активности и надлежности, така што апсолутно е невистина дека е испратена е наредба со која некој е уценуван“, велат од Министерството.

Од септември, во велешката гимназија во прва година ќе има пет паралелки со ученици во прва година на македонски наставен јазик и две паралелки на албански наставен јазик. Но, во сите паралелки ќе учат помалку ученици од законскиот минимум.

Секое дете има право на образование, тоа е уставно загарантирано право, меѓутоа постојат правила, закони и критериуми. Според конкурсто за упис, во сите гимназии во земјава може да конкурираат ученици со минимум 60 поени. Во првиот уписен рок тоа во нашата Гимназија „Кочо Рацин“ се почитуваше, но во вториот уписен рок се пријавија ученици со помал број на поени. Добивме допис од министерот дека треба да ги примиме овие кандидати иако не ги исполнуваат условите“, појаснува професорот Стојановски.

Извор на веста: slobodenpecat.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40778/pukane-pred-osnovno-uchilishte-vo-srbija-ubieno-mlado-momche/